
Околу 4.400 бегалци вчера заминале од Гевгелија за Табановце според евиденцијата на УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст, што повторно е зголемување на бројот во споредба на минатите неколку дена.
Благото покачување на бројот на бегалци кои транзитираат низ земјава, не предизвика проблеми во функционирањето на службите за нивно прифаќање, сместување и евидентирање кои имаат голема помош од активисти на многу невладини организации и здруженија на граѓани.
Според податоците на Меѓународниот Црвен крст, нивните активисти вчера поделиле 420 пакети со храна, 85 пакети вода, 23 ќебиња, 480 кабаници за дожд од УНХЦР, 4 пакети за бебиња, 5 пакети бисквити и 3 пакети памперс пелени. Медицинските екипи интервенирале 300 пати без потреба од пренесување на пациентите до болницата во Гевгелија.