
Денешниот протест пред Град Скопје, насловен како „Коце, врати ни ги улиците“, го оценуваме како невкусна политичка игра спроведена од страна на организаторите.
Навистина не ја разбираме потребата од грубо лажење на јавноста дека за овие сообраќајни несреќи е одговорен Град Скопје или градоначалникот, реагираат од градската власт.
Оттаму посочуваат дека сообраќајни несреќи кои организаторите на оваа група ги посочуваат како причина за денешниот протест, се случиле поради невнимание на лицата кои управувале со моторните возила, а не поради недостатоци со сообраќајната инфраструктура.
Во последните две сообраќајни незгоди каде животот го загубија велосипедистите, истите се случија на обележани пешачки премин за велосипедисти со црвена боја. Ова е и случај со најголемиот број на вакви трагични настани, што е и констатирано со анализите на Министерството за внатрешни работи, каде како најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на градот Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, управувањето на возила под дејство на алкохол, како и управување на возила без поседување на возачка дозвола.
Поради овие факти, не ја разбираме потребата на организаторите на овие протести да ги посочуваат Градот Скопје и градоначалникот како главни виновници за ваквите сообраќајни несреќи.
Апелираме ваквите трагичните настани да не се злоупотребуваат за нечија себепромоција и дневни политички игри, реагираат од Град Скопје.