За Британецот ова е 41-ва победа во кариерата со што се израмни со својот идол, Аиртон Сена а до крајот на сезоната тој има шанса и да го надмине легендарниот бразилски возач. На чело со 91 триумф е Михаел Шумахер, по него следува Ален Прост со 51, а на третото место е Себастијан Фетел со 42 Гранд при победи.
Хамилтон водеше во текот на целата трка и на крајот победи со 19 секунди предност во однос на тимскиот колега Нико Розберг, а третото место му припадна на Себастијан Фетел.
Кими Раиконен се пласираше на четвртата позиција, петти беше Валтери Ботас, а бодови освоија уште Нико Хулкенберг, Роман Гросжан, Пастор Малдонадо, Макс Верстапен и Карлос Саинз Јуниор.
Хамилтон е на чело во генералниот пласман со 277 бода, 48 повеќе од Нико Розберг, додека трет со 218 бода е Себастијан Фетел.
Во конкуренција на конструктори води Мерцедес со 506 бода пред Ферари со 208.
Следна на програмата е трката за Големата награда на Русија.