Вистинска штета што минатата ноќ небото во главно беше облачно, па неможевме да уживаме во првото затемнување на Супермесечината во последните 30 години.
Синоќа мниумина имаа можност да го посматраат затемнувањето на Месечината и тоа додека нашиот природен сателит е најблиску до нас. Поради малата оддалеченост Месечината изгледаше 14 отсто поголема и за 30 отсто посјајна.
Последниот пат кога имало ваков двоен феномен било во 192 година, а следниот пат тој феномен ќе може да го набљудуваме во 2033-та.
За време на затемнувањето Месечината добива црвенкаста боја а овој пат траеше еден час и 11 минути. Затемнувањето на Супермесечината беше видливо во Северна и Јужна Америка, Европа, Африка и во делови од Азија.