Мерцедес беше еден од судиите кои ја делеа правдата во двомечот од интерконтиненталниот куп кој го организира ФИБА, а таму мадридски Реал славеше против Берау од Бразил.
Реал во првиот меч беше совладан со 91:90, но го доби реваншот со повеќе и од доволни 12 поени разлика (91:79) и така го освои трофејот.
Причиниата за отпочнувањето на истрагата е фактот дека Мерцедес пред неколку години на социјалната мрежа Твитер се декларирал како навивач на Барселона и напишал бројни негативни коментари на сметка на Реал.
По повод информациите кои се појавија по вториот натпревар од интерконтиненталниот куп, поточно негативните коментари упатени кон Реал на Твитер профилот од страна на еден судија, по барање на ФИБА е отпочната истрага и доколку се докаже дека информациите се точни, ќе бидат преземени соодветни мерки, а таквите коментари би дисквалификувале било кој судија, бидејќи не може да зазема страна кога дели правда, пишува во соопштението на Евролигата.
Во 2012 година Мерцедес “твитна” дека е навивач на Барселона и дека не го сака Реал, а интересно, во реваншот од Интерконтиненталниот куп го исклучи бекот на “кралскиот клуб” Серхио Родригез.