
Продукциската куќа „CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА продукција известуваат дека обиколницата околу Скопје (делница 3, автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај) од утре до петок, во периодот од 5 до 18 часот, ќе биде затворена за сообраќај заради потребите на снимањето на францускиот филм „A FOND”, потсетува АМСМ.