
Луѓето кои кампувале на плажата Виножито во Квинсленд, морале многу брзо да ги соберат своите работи и да избегаат од делот на плажата која за неколку минути исчезнал три мети под површината на морето.
Никој не е повреден во инцидентот, но некои не биле доволно брзи да ги извлечат возилата и камп опремата, па неколку автомобили и шатори сега се три метри под водата. Дупката која се отворила проголтала околу 200 метри од плажата на која се наоѓал шаторски камп, пренесува „Еј-Би-Си“.
Очевидците велат дека додека се одмарале забележале дека песокот брзо пред очи им се губи. Едвај успеале да ги соберат рботите, да ги стават во возила и да избегаат.