Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Свети Николе

Караванот „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе биде во  Свети Николе. Презентацијата на проектот се одржува на барање на светиниколчани, кои при минатонеделната посета на вицепремиерот во Владата и министер за финансии Зоран Ставрески искажаа голем интерес за проектот „Купи куќа, купи стан“.

Претставниците од Министерството за финансии пред граѓаните ќе го презентираат проектот, условите за аплицирање, висината на субвенциите, моделите кои можат да се користат и процесот како да се аплицира.

На презентацијата, што ќе се одржи од 17 часот, ќе биде претставена и локалната понуда на станови, како и плацеви за изградба на куќи кои ги нуди општината.

Караванот по барање на светиниколчани

Караванот е во посета на Свети Николе по барање на жителите на овој регион.

Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Свети Николе
Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Свети Николе

Минатата недела, при работна посета на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, граѓаните искажаа голем интерес за „Купи куќа, купи стан“. Некои од нив веќе го имаа искористено проектот и сакаа позитивното искуство да го пренесат на своите сограѓани.

Караванот „Купи куќа, купи стан“ одржува презентации низ градовите во Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.