Манчестер Јунајтед славеше против одличниот тим на Волфсбург со 2:1.
Гостите се покажаа како тврд орев, откако уште во четвртата минута поведоа преку Калигури. Сепак, Јунајтед предводен од Хуан Мата направи комплетен пресврт. Шпанецот најпрвин реализираше од пенал, а во вториот дел со велемајсторска асистенција му асистираше на Смолинг при постигнувањето на одлучувачкиот погодок за 2:1.
Manchester United 2 – 1 VfL Wolfsburg All Goals… by ViralDailyTV
Јувентус игра очајно во Серија А, но затоа во Лигата на шампионите има два од два. Синоќа во Торино настрада Севилја, а Алваро Мората одново стрелаше прецизно за “старата дама”. Шпанецот отвори во 41-та минута за 1:0 и така му го трасираше патот на Јувентус кон нова победа. Симоне Заза во 87-та минута од средбата стави точка на натпреварот.
Juventus 2 – 0 Sevilla All Goals and Full… by ViralDailyTV
Група А:
Малме – Реал Мадрид 0:2
Шахтјор – ПСЖ 0:3
Табела: Реал Мадрид 6, ПСЖ 6, Малме 0, Шахтјор 0
Група Б:
ЦСКА Мосвка – ПСВ 3:2
Манчестер јунајтед – Волфсбург 2:1
Табела: ПСВ 3, Манчестер јунајтед 3, ЦСКА Москва 3, Волфсбург 3
Група Ц:
Атлетико Мадрид – Бенфика 1:2
Астана – Галатасарај 2:2
Табела: Бенфика 6, Атлетико Мадрид 3, Галатасарај 1, Астана 1
Група Д:
Јувентус – Севилја 2:0
Менхенгладбах – Манчестер сити 1:2
Табела: Јувентус 6, Севилја 3, Сити 3, Менхенгладбах 0