Вкупно 1.970 потврди за барање азил се издадени во текот на вчерашниот ден. 1.273 потврди се издадени на мажи, 216 на жени, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 171 деца кои патуваат без родите.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди за барање азил, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.092, од Авганистан 657, Ирак 125, додека другите се во помал број.
Издадени вкупно 108.888 потврди за барање азил
Од почетокот на законските измени издадени се потврди за барање азил на вкупно 108.888 странски државјани, од кои, 72.171 се од машки пол, 14.525 се од женски, 18.335 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.857 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 81.307, потоа Авганистан 12.482, од Ирак 7.195, Пакистан 2.853, Палестина 1.162, Иран 683, Сомалија 670, Бангладеж 657, Конго 371, Нигерија 223, Камерун 178, Еритреја 163, Етиопија 126, Судан 118, додека останатите се во помал број.
Во текот на вчерашниот ден до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
Досега поднесени 50 барања за азил
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денес до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа, 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 30.09.2015 година, стои во соопштението, евидентирани се тројца баратели на азил, сите мажи од кои еден повреден. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.