Во Словенија по десет дена полека се стабилизира состојбата која што се случи како последица од зимското невреме кое што со себе донесе голема количина на мраз и снег, а припадниците на електрослужбата во текот на ноќта успеале на далековод да го спојат градот Постојна, кој најдолго време бил без елетрична енергија и греење.
По неколкудневна пауза поради невремето се отворени и повеќе училишта, а се прават проценки на штетите. Само на електродистрибутивниот систем му се препишува штета од 40 милиони евра, а поправката на мрежата би требало да трае до мај.
Словенечката премиерка, Аленка Братушек, одржа состанок со челниците на сите службеници за санација на невремето, а парламентот за последници ќе одржи и вонредно заседание, најавил претседателот на парламентот, Јанко Вебер.