На Интернет се прошири фотографија со наводен текст на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Станува збор за говор кој го одржал за време на седница на ОБСЕ во декември минатата година, а на фотографијата се гледа текст во кој е напишан изговорот на секој збор на англиски.
„Тоа не го читаш“
Во текстот некои зборови се напишани со големи букви, а притоа има и напомена дека зборовите се насочени кон него. „Тоа не го читаш“, стои во текстот.
Фотографијата навно му припаѓа на италијанскиот министер за надворешни работи, но тоа не е потврдено.
Снимката со говорот на Дачиќ насмеа многумина на ЈуТјуб. Погледнете и споредете го текстот на фотографијата со говорот на српскиот министер.