
Владата денеска продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава.

Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово, информираат од Министерството за финансии.
Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено, се вели во соопштението.
Денеска исто така се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за одбележани грла говеда.