Скопската обиколница затворена за сообраќај. Продолжува снимањето на францускиот филм „А Фонд“ поради што скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај во наредните пет работни дена од 5 до 18 часот.
Доколу временските услови се лоши и времето е врнежливо обиколницата ќе биде отворена за сообраќај, но потоа ќе се користат дополнителни денови за снимање.
Снимањето на оваа локација, како што е планирано, треба да заврши на 10 октомври, но доклку поради лоши временски услови во одредени денови не се снима, рокот ќе биде пролонгиран.