Сиријците ги повикуваат припадниците на ИД да се предадат

Сиријците ги повикуваат припадниците на ИД да се предадат. Хеликоптерите на сириското воено воздухопловство исфрлаат летоци со кои терористите се повикуваат да го предадат оружјето.

Хеликоптерите на сириското воено воздухопловство исфрлаат летоци со кои терористите се повикуваат да го предадат оружјето, а цивилите да ги напуштат местата каде наскоро ќе почне голема воена операција на сириските сили. Агитационите текстови се расфрлани на југот на провинцијата Хама на местата Растан и Талбиси.

Дистрибуирани се два вида летоци. Едните содржат детални инструкции за тоа како луѓето треба да се однесуваат за време на приближувањето на контролните пунктови на сириската војска, како и повикот кон цивилното население да ги напуштат домовите поради претстојните воени операции.

На оние што ги поседуваат летоците им се дозволува целосно безбедно да ги преминат контролните пунктови на сириската арапска армија. Војската ќе пружи медицинска помош и храна. Соработувајте со сириската војска и напуштете ја зоната на борбените дејствија за да го заштитите сопствениот живот, пишува на летокот за цивили.

На другиот лист главната команда на Вооружените сили им предлага на граѓаните на републиката што застанале на страната на терористите да го положат оружјето и да престанат да се борат со војската.

Иднината е пред нас, можностите се отворени да се вратите во прегратките на татковината. Не е доцна да ја искористите таа можност. Положете го оружјето, како што тоа го направија стотици други луѓе. Државата ќе се погрижи за вас и ќе го поздрави вашето враќање, пишува на другиот леток.

Во четвртокот беше објавено дека сириската војска подготвува голема антитерористичка операција на југот на провинцијата Хама, која моментално е под контрола на терористичките организации Нусра фронт и Исламска држава.

Британската новинарка Линдзи Хилсум тврди дека голем број Сиријци го сметаат рускиот претседател Владимир Путин за свој пријател, а Русите ги гледаат како спасители.