Премија од 5 илјади евра за оној кој ќе пријави изборна неправилност во Австрија.
Оваа иницијатива ја покрена Слободарската партија на Австрија (ФПО) во борба за власта во Виена.
Жителите на Виена в недела ќе гласаат на локални и покраински избори на кои се прогнозира тесна борба за власт меѓу ФПО и актуелната Социјалдемократска партија.
ФПО се одлулија на повик до граѓаните преку огласи за пријава на изборни неправилности. Кој ќе пријави изборна махинација од ФПО добива премија од 5.000 евра, се вели во огласот.
Генералниот секретар на ФПО во Виена, Антон Махдалик најавува дека неделава ќе биде поднесена првата пријава поради наводни изборни манипулации во дом за стари лица во главниот град на Австрија.