ФОТО: Вака ќе изгледаат Американците до 2050

Магазинот National geographic по повод 125-годишнината од своето постоење објави фотографија која пружа увид во тоа како Американците ќе изгледаат до 2050. година.

Врз основа на овие фотографии гледаме дека идеалниот примерок на американската убавина од пред половина век веќе и да не постои.

Концептот на мултирасни и мултинационални врски толку е зачестен во САД, така што веќе не може да се говори за чисти расни типови, како ни за едноставни мешавини. Лицата на овие луѓе ни говорат дека Американците се толку измешани што веќе нема да се знае дали се црни или бели, или пак дали се со европско или азијатско потекло.

Важно е да се нагласи дека овие фотографии не се фотошопирани, туку станува збор за реални мултирасни личности, со необична комбинација на боја на коса, кожа и очи.