На Интернет се појави снимка од прислушуван разговор помеѓу џихадисти од Исламска држава, во кој се слуша паника по нападот на руската авијација во Сирија.
Разговорот на терористите е снимен во текот на акцијата на Русија во подрачјето Идлиба.
Гледам руска авијација на запад! Гледам руска авијација на запад! Гледам руска авијација на запад!, се слуша испаничен глас.
Авијацијата е на југо запад! продолжува исплашено и додава „Четири руски авиони. Пукаат се’ во круг, се гори. Гранатираа се’ околу штабот, имаме големи загуби, вели екстремистот.
Руската авијација на 30 септември почна да ги бомбардира позициите на ИСИС во Сирија. Авијацијата исклучиво бомбардира стратешки цели на терористите.
До сега терористите изгубиле голем број воена опрема, командни центри и складишта со муниција.
По тешките загуби, според најновите извештаи, на властите се предале околу 1.000 терористи.