
Ријана објасни зошто му простила на поранешното момче Крис Браун (26) кој ја претепа во автомобилот во 2009 година. Раперот тогаш беше осуден на пет години условна затворска казна и шест месеци добротоворна работа и не смееше да се доближи на пејачката на најмалку 100 метри.
– Се грижам за него и така ќе биде додека не умрам, вели Ријана (27). Не сакаше да прекине со Браун по инцидентот, затоа што се обидуваше да му помогне да се откаже од насилството.
– Јас премногу го штитев од другите луѓе, па на крајот самата себе си станав непријател, затоа што луѓето не ме разбираа, рече пејачката.