
Двете експлозии во турската престолнина вчера го одзеле животот на 128 лица, соопшти денеска прокурдската Демократска партија на народите.
Тие инфоримираа дека успеала да идентификува сите со исклучок на осум од жртвите на вчерашниот напад, пренесува БТА.
Кабинетот на премиерот доцна синоќа соопшти дека во нападот загинале 95 лица. Во друго соопштение, објавено денеска наутро, кабинетот информира дека 160 лица се уште се лекуваат во болница, а 65 од нив се во одделот за интензивна нега.