Поплавите во Албанија ја однесоа првата жртва

Поплавени големи површини, активирање на свечилишта, урнати мостови и неколку куќи, евакуирани семејства и загубен човечки живот е билансот од невремето кое ја зафати Албанија, пренесе МИА.

Најпроблематична е состојбата во приморскиот град Валона каде е регистрирана и првата жртва .Станува збор за Луан Ќари (50) чие безживотно тело било пронајдено во близина на Радим. Тој работел како чувар, а наеднаш надојдената река го однела додека одел на работа. Во повеќето населби во Валона улиците се претворени во реки, многу деловни објекти и домови се поплавени, а поголем дел од градот е без електрична енергија.

poplavi-1.jpg-500

Надојдената река Вердов во Подградец однесе дел од куќа на семејството Абраши, реката во Ерцек однесла со себе голем број грла на ситен добиток, во Фиер евакуирани се триесет семејства, а надојдената река го урнала мостот во Пицар кај јужниот град Ѓирокастро, при што 600 жители се отесечени од светот.

poplavi-2.jpg-500

Проблеми со поплавени домови, деловни објекти и земјоделско земјиште има речиси на целата територија на земјата. Министертвото за внатрешни работи соопшти дека активирани се сите надлежни служби чија подготвеност е подигната на највисок степен