
По интензивни врнежи од дожд кои ја зафатија државата и регионот и кои предизвикаа поплави во Охрид и околината, Градот Скопје вчеравечер испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите.
Градот Скопје испрати две цистерни за влечење на вода од ЈП “Водовод и канализација”, едно противпожарно теренско возило, како и две моќни пумпи за испумпување на вода.
Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е екипа пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број на лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија.
Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.