
Турскиот министер за внатрешни работи Сељами Алтук изјави дека турските власти преземаат вонредни мерки за безбедност по двојниот самоубиствен напад во Анкара во саботата, кој е најсмртоносниот во модерната историја на земјата, соопшти турсикиот телевизиски канал „Си-Ен-Ен-Турк“.
Според прокурдската Демократска партија на народите во нападот загинале 128 лица, додека според координативен центар при канцеларијата на премиерот жртвите се 97.