
Дмитриј Булатов, лидер на украинскиот Автомајдан, има намера да побара од земјите-членки на ЕУ да обезбедат политички азил на настраданите припадници на опозициското движење, пренесоа „УНИАН“.
„Ја истражувам можноста за азил на настраданите од Автомајдан во европските земји, вклучувајќи ја и Германија“, истакнал Булатов, кој беше киднапиран и измачуван пред извесно време.
Булатов, пред неколку недели се појави на телевизија со отечено лице обвиено во крв и изјави дека бил киднапиран и мачен поради учество во антивладините протести во Украина.Тој е лидер на движењето Автомајдан кој организираше протесно возење пред имотот на претседателот Виктор Јануковиќ во близина на Киев.
Претепаниот украински демонстрант, чијашто приказна за мачење ја шокираше Европа и кој се лечи во Литванија, своевремено изјави дека ќе ја продолжи борбата за демократија во својата татковина.
„Иако физички сум уништен, мојот дух не е скршен“, порача Дмитро Булатов.