Американскагта лекарка Керолин Андерсон објави крајно едноставен рецепт за превенција од рак. Се состои од три состојки – маслиново масло, црн бибер и куркума.
Мешавината може да се користи за салата, за готвени јадења, во кои се додава на самиот крај, а можно е веднаш да се конзумира. Се препорачува внес од неколку пати на ден, односно колку што е можно повеќе.
Се работи за источноиндиски рецепт, а сите состојки се природни и немаат нуспојави. Андерсон верува дека една од причините зошто токму во тој дел од светот луѓето имаат помали шанси да заболат од рак.
Кога станува збор за рак на дојка, на пример, можноста жената да заболи од оваа болест пет пати е повисока во Северна Америка, отколку на истокот на Индија. Заболени од рак на бели дробови има дури осум отсто помалку, од рак на црева девет, а од рак на простата дури петнаесет отсто помалку отколку во Америка.
Андерсон додава дека причината за тоа може да биде и фактот дека Америкаците се изложени на поголем број канцерогени во својата непосредна околина, меѓутоа, потсетува дека и тестовите врз глувците покажале дека оние кои земале куркума имале помали или речиси никакви шанси да заболат од рак покрај изложувањето на канцерогени.
-Куркумата во дигестивниот тракт речиси не се разградува, а биберот ја зголемува делотворноста на куркумата за 200 отсто. Мешавината на овие три состојки затоа е многу делотворна во превенцијата на карцином, нагласува Керолин Андерсон.