
Објавен оглас за поддршка на традиционалното овчарство. Денес е објавен Јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за мерката Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики.
Повикот ќе трае до 30 ноември 2015 година, а право на користење на средства имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. .
Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, финансиската поддршка се исплаќа за надомест на трошоци за одржување висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство во висина од 80 отсто од просечна месечна бруто плата во дејноста од период 01.11.2014 до 31.10.2015 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина поголема од 700 метри или 40 отсто за одгледувалишта регистрирани во населени места под 700 метри надморска височина.
Поддршката е неповратна, а се доделува во сооднос едно вработено лице на 150 овци, едно вработено лице на 50 кози и едно вработено лице на 80 говеда.
Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Детални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на телефонот (02) 3097-460 или на електронската адреса [email protected] и на веб-страницата www.ipardpa.gov.mk.