
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која околу 12.40 часот се случила на булеварот „Борис Трајковски“, во Кисела Вода.
Според првичните информации возачот М.Б. управувајќи со автомобил „рено клио“ удрил во бетонски столб на крстосницата кај Цементара. Истиот со возило на Итна медициска помош е пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.
Полицијата е на местото на несреќата каде во тек е увидот.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам