
Тројца маскирани и вооружени лица, вчера ја ограбиле бензиската пумпа „Супер-оил“, на улицата Александар Урдарески во Скопје.
Кражбата се случила околу 23 часот, откако разбојниците му се заканиле со пиштол на вработениот, зеле 6.000 денари и два мобилни телефони, по што побегнале.
МВР соопшти дека СВР-Скопје извршило увид и се работи на целосно расчистување на случајот.