Кетрин Оксенберг: Ме излекуваа безбројните оргазми

При крајот на септември, Кетрин Оксенберг (54) , ќерка на српската принцеза Елисавета Караѓорѓевиќ (позната по улогата на улогата Аманда во серијата „Династија“) во Мексико организирала и водела сексуална работилница „Body of bliss“ на која пријавените можеле да дознаат како „со капацитетите за екстаза да ги надминат своите најлуди соништа.

Во поканата за работилницата пишувало дека учесниците на петдневниот курс може да научат која е врската помеѓу оргазмот и животот. Со помош на сексуални едукатори, Кетрин ги учела пријавените да ги „отклучат“ своите сексуални потенцијали.

Идејата да се занимава со таа тематика не е новост, бидејќи Кетрин веќе неколку години ја промовира  интернет-страницата  Sexology.com , чиј коосновач е таа, а учествувала и во снимањето на истоимениот документарец.

– Од една страна верував дека имам одличен сексуален живот, а од друга страна верував дека мора да постои нешто повеќе од тоа. Кога првпат почувствував дека целото тело ми е оргазмично, тоа ја промени мојата реалност. Доживував безбројни оргазми од секој дел на телото – на прстите , на рацете, на носот, на усните, во срцето. Буквално, моите гениталии можеа да заминат во пензија. Ова искуство направи концептот на повеќекратен оргазам да изгледа смешен. Размислував за своите некогашни кратки интензивни клиторични оргазми и оние кои ми делуваа како брза храна. Продолжената, длабока состојба на задоволство ми го излекува нервниот систем – изјавила Кетрин.

Таа раскажала дека покрај успехот кој го остварила во животот, секогаш чувствувала дека е оштетена бидејќи едвај чувствувала оргазми во текот на сексуалниот однос.катарина

– Сега знам дека мојот „хардвер“ е во ред, ми се расипа „софтверот“. Тој проблем можеше да се исправи. Сите жени може да доживеат оргазам, само тоа се уште не го знаат. Во текот на нашите истражувања откривме дека жената не ни мора да има секс за да доживее кулминација – вели ќерката на српската принцеза.

Жени, ејакулирајте!

Кетрин има уште една порака , а тоа е дека жените се оние кои требаат да ејакулираат и тоа често, а не мажите. Можеби целата приказна ви изгледа претерано, но кога ќе погледнете како Кетрин изгледа во шестата деценија, ќе сфатите дека таа баш ужива во животот. Таа родила три ќерки, но како што вели таа има пет деца бидејќи нејзиниот сопруг Каспер ван Дин од претходниот брак има две деца.

Што е постара оваа позната актерка  повеќе води сметка за исхраната и сака да се храни здраво. Не јаде брза храна, не пие алкохол, пие многу вода  и многу малку во исхрана го користи шеќер, леб и сол. Сепак признала дека го обожува бурекот со месо и со сирење. А, како не би сакала, со оглед на тоа од каде влече корени.