ВИДЕО: Кривична за седуммина вработени во Министерството за животна средина

Кривична пријава е поднесена против 16 лица, од кои 7 службени лица вработени во Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, како и 9-мина  сопственици, управители или овластени лица во компании.

Како што информира МВР, сите осомничени се гонат за разни незаконитости во работењето, а кривичните пријави кои им се ставаат на товар се однесуваат на основани сомненија за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“ и „давање поткуп“.