
Американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА) соопшти дека се уапсени 151 лице низ САД во операција за сузбивање на присутвото на синтетичката дрога „дизајнер“, при што се запленети 10.000 килограми од супстанцата, околу 15 милиони долари и 39 парчиња оружје.
Апсењата се извршени во 16 држави низ САД во изминатите два дена во рамки на 15-месечната операција за сузбивање на присуството на синтетичка дрога, поврзано со растот на предозирање и смрт од нејзино конзумирање.