![1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/116.jpg?resize=696%2C432&ssl=1)
Новата шенгенска граница меѓу Хрватска и БиХ ги крена на нозе семејствата Јовиќ и Домиќ. Поминувајќи низ дворовите новата граница еден дел од куќата би оставила во друга држава, против што, како што велат мештаните ќе се борат со сите средства.
Граничниот премин со простории и рампа би се нашле токму во дворот. Селото би се поделило, а дури и некои куќи.
-Тоа изгледа како да имате стан, а тоалетот ви е во БиХ, додека пак спалната соба во Хрватска, вели Анте Јовиќ.
Загрижените Јовиќ и Домиќ не се ниту на небо, ниту на земја, бидејќи не знаат која соба ќе им остане во Хрватска, а која во БиХ.