ФОТО: Убавицата „Адора Флетајрон Скопје” фантастично брзо напредува

Поставена плочата над првиот кат во новиот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје.

Атрактивниот станбено-деловен комплекс ќе го донесе урбаниот дух на светскиот центар Њујорк во централното подрачје на Скопје и ќе стане ново препознатливо обележје во македонската метропола и Балканот.

adora1

Брзата и квалитетна градба е резултат на посветената работа и високопрофесионалниот ангажман на стручниот тим градители, инженери и вредни работници, под постојана контрола на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг.

adora2

Адора Flatiron Скопје нуди голем избор на високостандардни станови од 31 до 260 м² и ексклузивни деловни простории од 45 до 1773 м², во објект со впечатлива надворешност и модерно декориран ентериер со застаклен двор-атриум со природна светлина, три влеза и шест екстра брзи лифтови.

adora3

Комплексот има прекрасен панорамски поглед на Скопје и е лоциран на само 1 км и 10 минути пеш од строгиот центар на градот, со лесен пристап од два булевари на почетокот на општина Кисела Вода.

adora4

За становите и деловните простории е пројавен огромен интерес од страна на купувачите, за кои има најповолни услови за станбено кредитирање во банките и нови изненадувања од Адора инженеринг, што на граѓаните секогаш им нуди повеќе од ДОМ.