За еден ден 3.184 бегалци добија потврди за барање азил

Издадени нови 616 потврди за поднесување барање за право на азил
Издадени нови 616 потврди за поднесување барање за право на азил

Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.184 бегалци, од кои, 1.696 се од машки пол, 565 се од женски, 734 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 189 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.744, Авганистан –909, Ирак-322, Иран-95, додека другите се во помал број.

Мобилните тимови на Црвен крст, вчера и завчера на граничниот премин Табановце, укакажале прва помош на 175 бегалци, а на преминот Гевгелија, на 663 лица.