Во река во Чиапас, Мексико, се појави црква.
Црквата е изградена во XVI век, а потопена била повеќе од четири децении, поради изградба на брана на реката Гријалва. Големата суша доведе до тоа црквата повторно да се појави над водата, пренесе Business Insider.
Мексиканците последен пат го видоа ова „чудо под вода“ во 2002 година, кога поради сушата, нивото на реката опаднало.