
Сонот претставува една третина од нашот живот. Како и целото тело, така и кожата спие, но токму за време на сонот, нејзината обнова е најактивна. Прекратките ноќи или лошиот квалитет на сон го отежнуваат обновувањето на кожата што резултира со нејзин лош изглед по будењето.
Освен соодветната ноќна нега, на кожата и е потребна нега и во текот на денот.
Кожата се менува во циклусот од 24 часа. За време на денот кожата ја стимулира одбранбената функција, додека во текот на ноќта се обновува и храни.
Лошиот сон или непроспиената ноќ негативно влијае на обновувањето на одбранбената функција и хидратацијата на кожата. Недостатокот на сон исто така влијае на ослободување на хормонот на стрес, кортизол, кој дополнително придонесува за стареење на кожата, а е одговорен и за исцрпениот изглед на лицето.
Прекратките ноќи и лошиот квалитет на сон оставаат видливи последици на квалитетот на нашата кожа кои ги воочуваме наутро, кога ќе се разбудиме: безличен и неизедначен тен, црвенило, изразени знаци на замор, траги од јастукот на лицето.