
Пончо дефинитивно е ултимативно парче облека за сезоната есен-зима. Покрај тоа што е тренди, воедно и не грее во ладните денови.
Овој естетски привлечен и практичен детал влече корени уште од традиционалните парчиња облека. Пончо носеле американските домородни жители, а на шпански јазик значи волнен материјал чија намена е да го згрее оној кој го носи, како и да го штити од временските непогоди.
Оваа сезона пончото повторно стана хит, но овојпат во знак на шеесетите години и хипи стилот.
Пончото феноменално одговара за сите кои ја ценат удобноста и оние кои сакаат да се затоплат кога надвор е ладно – а тоа секако ќе го сторат „стајлиш“ кога е во прашање почното.