
При денешната амандманска расправа за индустриска зона во Крушево на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, со аргументи кон пратениците од опозицијата нагласи дека во Крушево никогаш не било инвестирано како што се инвестира сега.
И оваа индустриска зона ќе биде изградена, туристичката развојна зона во Крушево е пред одобрување, во моментот јас барем знам една фирма која што бара 60 луѓе и доколку имате луѓе кои што бараат работа начин да заработуваат ќе ви кажам каде да ги упатите и пробајте да им помогнете на 60 фамилии и тие да вадат корка леб. Тоа е само една од оние нови 4 економски капацитети кои што во моментов во Крушево функционираат за разлика од минатото кога големите фирми од Крушево беа затворени со приватизацијата и градот изумре, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.
Стевананџија посочи дека доколку сака опозицијата може да ги прочита сите проекти кои што се направени за Крушево од страна на Владата и дека уште многу проекти кои се планираат во иднина ќе допринесат за уште позасилен развој на Крушево и подобрување на животот на крушевчани.