
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија е способна да пружи ефикасен одговор на терористичките и други закани, а операцијата во Сирија тоа го потврди.
– Оваа операција потврди дека Русија е способна да даде соодветен и ефикасен одговор на терористичката и која било друга закана во нашата земја, рече Путин на церемонијата на претставување на нови високи воени офицери.
Терористите, создавајќи упориште во Сирија, утврдувајќи планови за сопствената експанзија и дестабилизација на цели региони, истакна Путин.
Штом создадоа отскочна даска во Сирија и низа други држави на Блискиот Исток, терористите направија и продолжуваат да прават планови за ширење и дестабилизација на цели региони. Тие регрутираат и продолжуваат да регрутираат во свои редови екстремисти од многу држави, вклучувајќи ги, за жал и Русија и земјите од Заедницата независни држави (ЗНД), рече Путин.
Рускиот претседател ја повика Федералната служба за безбедност (ФСБ) да ги зајакне напорите на отворање врска меѓу вооружените напаѓачи во Русија и меѓународните терористички групи.
– Најважно е да се открие врската меѓу руските есктремисти со меѓународните терористички групи и покровителите, нагласи Путин.
Во специјалните операции убиени се 112 вооружени напаѓачи, вклучувајќи 26 лидери, а над 560 припадници на оружените банди се приведени, наведе ТАСС.