ФОТО: Поплавена црква од 16-иот век се појави на површината

Поплавена црква од 16-иот век се појави на површината во брана во Мексико. Нивото на водата на реката Грихалва, која ја полни браната опадна поради моменталните суши, па така Храмот на Сантијаго кој беше поплавен со години наназад исплива на површината.

poplavena-crkva-izleze-2

Како што информира Си Ен Ен, црквата била изградена од свештениците на Бартоломе дела Касас од домониканскиот ред.

Според Крлос Наварет, архитектот што работел со мексиканските власти на извештајот за градбата, црквата била изградена со претпоставка дека областа ќе биде густо населена, но тоа никогаш не се остварило.

poplavena-crkva-izleze-3

Затоа, изградбата на црквата била прекината, во време на ширењето на чумата во периодот од 1773 до 1776.

Црквата била поплавена во 1966-тата при изградбата на браната Незахуалкојотл.

poplavena-crkva-izleze-4

Инаку, ова е втор пат црквата да се појави на површината. Во 2002-та поради суша црквата се појави на површината така што посетителите можеа слободно да прошетаат и да ја разгледуваат градбата.