Нова ин витро метода за посигурно зачнување. Уште илјадници жени би можеле да забременат со помош на новата ин витро метода која има можност да идентификува кои се најздравите ембриони што имаат најголеми шанси за опстанок.
Според првичните резултати, шансите за зачнување ќе бидат зголемени од 80 до 30 отсто, пишуваат британските медиуми.
Техниката која е развиена на универзитетот Оксфорд, се очекува следната година да почне да се применува во приватните клиники уште следната година.
Само во Велика Британија минатата година околу 50.000 жени се обиделе да забременат со ин витро, а само една во три жени останале бремени.
Кај жената од осум ембриони, само еден или два би можеле да резултираат со бременост, а досега немаше можност да се утврди кој од нив е „вистинскиот“.
Новиот тест ги мери нивоата на митохондрии во ембрионите, малите делови што наликуваат на мали бактерии, а кои ја генерираат енергијата потребна за клетките на нашето тело.
Според истражувањата, оние ембриони што не успеваат да опстанат со ин витро методата често имаат премногу митохондриска ДНК во нив.
Преку изнаоѓањето на оние ембриони со помало ниво на митохондрии, може да се одвојат оние што би биле најуспешни.