Заради стравот на СДСМ од избори Македонија ја губи препораката. Опструирајќи го договорот од Пржино, СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев поради страв од претстојните избори кои треба да се одржат во април идната година, не застануваат во нанесување штета на Република Македонија, пишува порталот „Курир“.
Стравот од избори кај СДСМ расте поради нискиот рејтинг, многубројните гафови, малата поддршка кај граѓаните и речиси никаква доверба кај истите. Опструкцијата на Договорот од Пржино, пак, придонесува Македонија да ја загуби препораката, која шест години по ред ја добива, за почеток на преговори со Европската Унија.
„Курир“ ги пренесува изјавите на експертската јавност во земјава која смета дека Македонија ќе ја загуби препораката за почеток на преговори, токму поради стравот од пораз на изборите на опозициската СДСМ, преточен во нелогични и апсурдни барања кои не се дел од договорот во далеку од здравиот разум.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска предупреди за можното губење на препораката за почеток на преговорите. По состанокот со високи европски претставници во Брисел, Бесими истакна дека целосното спроведување на политичкиот договор е предуслов за овогодишната препорака на Европската Комисија.
Македонија треба да работи на постигнатиот политички договор, на негово целосно спроведување, со цел да може да се одрази во извештајот и Македонија да продолжи во Советот на Европа со препорака, која ќе и даде на Македонија можност да го зачува нејзиниот европски пат и во следниот период. Овие се очекувањата во Брисел, со цел Македонија да работи во овој правец и целосното да го спроведе политичкиот дијалог, рече Бесими.
По низата опструкции, се чини дека СДСМ смислено сака да и нанесе штета на земјата со тоа што свесни ги минира преговорите и самиот процес, на тој начин придонесувајќи странскиот фактор да има добро алиби на Македонија да и ја одземе препораката.
СДСМ смета дека на тој начин ќе предизвика штета на ВМРО-ДПМНЕ, но не се свесни дека таа стратегија нема да им помине кај народот, бидејќи јавноста сфаќа дека ова е нерационионално и неконструктивно однесување, сметаат експерите кои додаваат дека СДСМ како партија која без избори и поддршка од народот бара власт по секоја цена е прочитана од граѓаните, пишува порталот.
Според аналитичарите заплашувањата и ароганцијата на СДСМ, како и нивниот поданички однос ќе заврши на изборите кога граѓаните ќе го казнат СДСМ за штетите кои и ги нанесува на сопствената земја, а во насока на исполнување на лични и партиски интереси.
Иако е нетипично за било која опозиција да бега од избори, тие знаат дека имаат слаба поддршка, односно политичките бомби и нивното деструктивно однесување не наидува на било каква поддршка од граѓаните, кои пак поддржуваат проекти, работа и конкретни чекори, наместо протести, неосновани напади, агресија и рушење на институциите.
Последиците од неуспешни разговори е сигурен пат за дестабилизација, предупредуваа експертите многу пати досега.
Освен тоа што сакаат да се спасат од избори СДСМ сакаат државата да ја изгуби препораката, со цел последиците од тоа како неизвесност за инвеститори, економска стагнација, пад на реформите, несигурност, да влијаат кај граѓаните и да се разочараат во ВМРО-ДПМНЕ.
Политиката на СДСМ има цел да предизвика целосно одложување на европската перспектива за повеќе години, бркање на инвеститорите, меѓуетнички тензии и нетрпеливост.