Одложена исплатата на следната транша за Грција

Грчкиот парламент расправа за следниот спасувачки пакет
Грчкиот парламент расправа за следниот спасувачки пакет

Меѓународните кредитори најверојатно ќе ја одложат исплатата на следната транша од кредитот за Грција, бидејќи властите во Атина не успеале да ги исполнат договорените реформи од третата спасувачка програма во износ до 86 милијарди евра, пишува германскиот весник „Зидојче Цајтунг“.

Планираната исплата за октомври на две од вкупно три милијарди евра од првата транша финансиска помош ќе биде одложена, изјавил висок претставник на ЕУ за германскиот весник. Тој додал дека исплатата најверојатно ќе биде во ноември и оти е малку веројатно парите да стигнат во Атина до крајот на оваа седмица, како што претпоставува Брисел.

Потпретседателот на ЕК Валдис Домбровскис пред неколку дена изјави дека Грција е на пат до крајот на октомври да ја добие првата транша од две милијарди евра од новата меѓународна спасувачка програма.

Работите се повеќе или помалку во тек“, рече тој пред посетата на Атина, која почна вчера, а на прашањето дали грчката Влада до крајот на неделава ќе ја добие планираната транша од две милијарди евра, тој одговори: „мислам дека да“.

Според изворот на „Зидојче Цајтунг“, Грција очигледно не ги исполнува реформите кои беа договорени во август, со оглед на тоа што властите во Атина досега успеаја да остварат само 14 од 48-те „главни фази и чекори“ кои беа договорени во рамките на третина спасувачка програма во вредност од 86 милијарди евра.

Постојат проблеми со договорениот распоред за реформи во