Саем за вработување во Радовиш

Саем за вработување ќе се одржи денеска во Радовиш. Саемот е во организација на Агенцијата за вработување, а тој е можност невработените лица да се информираат за понудата на пазарот на трудот, а работодавачите преку понудата за слободни работни места да добијат квалитетен кадар.

Саемот ќе се одржи во спортската сала „25-ти Мај“, а на него ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов.