Шилегов: Сомнителни 20 тендери за греење на училишта

Нерегуларностите во општините во кои раководи кадар на власта не се изразени само за автобуски превоз на ученици, туку постојат и очигледни  сомнежи за злоупотреба на пари на граѓаните и во над 20 тенедери за греење во училиштата, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес конференција.

„Овој скандалозен податок се наоѓа во оваа владина информација. Тетово, битола, охрид, кичево и струга се дел од општините со најголеми долгови за затоплување. Пријавувана е површина за затоплување во училиштата и до трипати поголема од реалната. Нормативот за затоплување површина училиштен простор по ученик е 4-5 м2. Општини барале средства за затоплување и до 12 м2 училиштен простор по ученик. Тоа е побарување на тројно повеќе средства за греење. При што не се почитувала со закон утврдената постапка на пресметување училиштен простор за греење“, вели Шилегов.

Шилегов тврди дека некои училишта двојно повеќе ги плаќале енергенсите за затоплување на училниците. Тој побара одговори од надлежните власти за ваквите информации.