Во просториите на “Куќата на фудбалот” донација примија претставници на десет екипи во 20 категории кои започнуваат да се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.
Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои имаат намера да придонесуваат за развој на женскиот фудбал во Македонија. Наша заложба е да ги поддржуваме тие кои придонесуваат за развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалнта кариера. За сите тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност и до ФИФА за поддршката која тие ја дадоа, истакна генаралниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.