Кривична пријава е поднесена против три лица од Битола од кои едното е малолетно лице. Тројцата битолчани се товарат дека сториле кривично дело тешка кражба.
С.Б. (20) од Прилеп, 14-годишен малолетник, К.Р.Д.(24) од Битола и уште едно засега непознато лице ноќта помеѓу 9-ти и 10-ти август годинава, во Битола на ул. „Сремска Митровица“ со употреба на подесен алат извршиле тешка кражба во куќата сопственост на З.К.(56).
Пријавените одзеле парични средства, златен и сребрен накит, во вредност од 480.000 денари.