По барањето на СДСМ за разрешување на министерот за здравство Никола Тодоров, поради последните несреќни случаи во неколку болници низ земјаава, денеска опозицијата, очекувано, повторно го наметна прашањето за одговорноста, што според нив, треба да ја преземе министерот, укажувајќи на наводно големиот хаос што сега владеел во здравствениот ситем.
Пратеничката од СДСМ, Рената Десковска, на денешната Седница за пратенички прашања, го повика премиерот Никола Груевски, да се потпише на барање за разрешување на Тодоров, со што експресно би се сменел од министерската функција, бидејќи според неа, Тодоров имал игноранстки однос кон случувањата во здравството и немал чувство на одговорност.
Таа уште еднаш потсети на последните трагични настани со смрт на родилки во Гевгелија, Скопје и Тетово, како и на новороденче во Велес.
Премиерот Груевски, притоа, посочи дека е сосема разбирлива потребата на опозицијата да бара разрешување на министри, да напаѓа, бидејќи тоа е нејзино легитимно и демократско право. Но, као што кажа, барањата треба да имаат смисол и да бидат поткрепени со аргументи.
-Лесно е само да се вперуваат прсти. Здравството е нешто што најлесно може да се критикува, но, дали Тодоров имаа лична вина е сосема друго прашење. Надлежните огани ќе утврдат чија е вината за смртта и