СОСТОЈКИ:
500 г бисквити
2 пудинзи од ванила
2 пудинзи од чоколадо
1 маргарин
250 г шеќер во прав
2 пакетчиња ресана
1 л млеко
2 кесички шлаг
ПРИГОТВУВАЊЕ:
- Маргаринот го делиме на половина. Секоја половина ја матиме со половина пакетче шеќер во прав (и него го делиме на половина), значи, 125 г маргарин се мати со 125 г шеќер во прав.
2. Пудинзите одделно се варат, два по два. Двата пудинга од чоколадо ги вариме во половина литар млеко. Исто така, и двата пудинзи од ванила. По желба додаваме шеќер.
3. Во секој пудинг ставаме дел од маргаринот изматен со шеќер во прав. По желба можеме да додадеме и крем од жолчки, млеко и брашно. - Бисквитите ги ставаме во долгнавест плех. Формираме кора од нив. Прво ставаме од белиот фил, потоа се редат „ресаните“ со чоколадниот дел надолу, па дел од црниот фил.