Челзи ја започна сезонава со серија лоши резултати, поради што Мурињо е остро критикуван од јавноста. Актуелниот шампион на Англија се наоѓа на 15-то место во шампионатот, со само 11 освоени бода.
Челзи во наредното коло го пречекува Ливерпул, а според британските медиуми, Роман Абрамович нема уште долго да чека, па во случај на нов пораз, ќе следи експресен отказ за Мурињо.
Во таков случај, Конте, кој во текот на тренерската кариера ги водеше Арецо, Бари, Аталанта, Сиена и Јувентус, со кого освои три титули во Серија А и две во Суперкупот на Италија, се очекува да го превземе лондонскиот тим.
Натпреварот помеѓу Челзи и Ливерпул е закажан за в сабота од 13:45 часот.